Илон Маск тврди дека пирамидите се изградени од вонземјани, се огласи и Египет: “Дојди и увери се”

Точка

03/08/2020

14:43

5.383

Големина на фонт

а а а

По објавата на Твитер за потеклото на пирамидите и нивната поврзаност со вонземјани, Египет го повика милијардерот Илон Маск да ја посети земјата и да се увери дека познатите пирамиди не се изградени од дојденци од други планети.

Сопственикот на компаниите “Tesla” и “SpaceX”, пружајќи им подршка на заговорниците на теории на заговори во врска со изградбата на пирамидите, објавил на Твитер дека “вонземјаните очигледно ги изградиле” овие колосални градби. 

Меѓутоа, на египетските власти не им се допаѓа славата за овој градежен подвиг да ја преземат вонземјаните. Египетската министерка за меѓународна соработка, Ранија ал-Машат реагирала на твитот на Маск со изјавата дека доказ дека пирамидите не биле изградени од вонземјани се откриените гробници на фараоните и египетските владетели за кои се верува дека ги изградиле.

Како одговор на милијардерот, таа го поканила да дојде во Египет и сам да се увери во тоа.

Експертите тврдат дека гробниците кои се откриени во 90-те години се дефинитивен доказ дека пирамидите се изградени од страна на древните Египќани.




Спонзорирани линкови

Маркетинг