Деми зад себе има 3 пропаднати брака: “Се менував поради нив, а никако не требаше да го правам тоа”

Точка

01/08/2020

16:42

3.450

Големина на фонт

а а а

Актерката Деми Мур во еден подкаст се присетила на браковите во кои била и нагласила дека секогаш одново се менувала кога се заљубувала, само за да се “вклопи во туѓата слика”.

Таа, пренесуваат странските медиуми, нагласила дека тоа всушност не требало да го прави и дека човекот се чувствува најдобро дури откако ќе се заљуби во себеси онаков каков што е. 

“Сите тие години толку се менував, секој пат одново и одново, за да се вклопам во сликата на она што мислев дека другите го посакуваат. Всушност постојано работиме на тоа да бидеме посакувани, но ги занемаруваме своите желби”, раскажала Мур.


“Мислам дека тоа е цел процес на заљубување во себеси и прифаќање на она што навистина сте”, додала актерката и продолжила:

“Да поминете низ патување во кое ја цените љубовта што ве споила и навистина да дадете сѐ што можете… тоа е возможно само ако навистина се сакате и се прифаќате себеси”, заклучила Деми која за ништо не се кае.

“Беше од неверојатна важност повторно да поминам низ минатото и да започнам да ги ценам работите низ кои сум прошла. Сѐ што ми се случило, добро или лошо, сега го прифаќам”, рекла таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг