Кепа е најлошиот голман во историјата на Премиер лигата

Макфакс

01/08/2020

12:54

1.233

Големина на фонт

а а а

Кепа Аризабалага е најлошиот од 730 голмани кои одиграле најмалку 10 натпревари во Премиер лигата. Нјаскапиот голман во историјата на фудбалот има поразителна статистика, поради што Челси во преодниот рок ќе донесат нов голман.

Кепа од доаѓањето во Премиер лигата, според статистиката на „Опта Статс“ имал само 54,5 отсто одбранети удари. Шпанецот примил осум отсто од головите на Челси од 1992 година до денес.

Оваа сезона Кепа примил 47 голови, а статистиката покажува дека кај 14 (30 отсто) не успеал ниту да се помести.

Вкупно оваа сезона Челси примиле 54 голови, најмногу од тимовите кои завршија во горниот дел од табелата. Ист број на голови сезонава прими и Брајтон, тим кој го освои 15 место на табелата.

Сепак и покрај лошата форма на Кепа и на одбраната Челси успеа да избори пласман во Лигата на шампионите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг