Пар не очекувал да плати ваква цена за пица и два пијалока во Дубровник...

Точка

01/08/2020

17:46

15.451

Големина на фонт

а а а

Коронавирусот и тоа како влијае на туризмот во многу земји, а меѓу нив е и Хрватска.

Најголем губиток претрпе градот Дубровник кој што оваа година забележува никогаш помал прилив на туристи.

Поради тоа, освен што таму нема многу метеж, очигледно е дека и цените се многу пониски од претходно, судејќи според сведочењата на некои тамошни посетители.

Ова момче за „Poslovni dnevnik“ изјавило дека било на одмор во Дубровник заедно со својата девојка, а кога седнале во еден од тамошните ресторани, пријатно се изненадиле од цените.


Како што изјавиле тие, цените биле пониски дури и од Загреб, па така за една голема пица, две цедевити и кафе платиле околу 500 денари.

Момчето вели дека не очекувало да поминат толку евтно, спроред искуствата од претходни години, кога за таква нарачка би платиле дупло.




Спонзорирани линкови

Маркетинг