Моментално освежување! Исецкајте лубеница и измешајте ја со оваа билка

Точка

31/07/2020

17:51

1.644

Големина на фонт

а а а

Нема ништо подобро во летниот период од лубеница, а кога ќе го пробате овој напиток, полесно ќе ги поднесувате летните денови.

Сè што ви треба е лубеница и малку нане, за да добиете пијалок кој сигурно ќе ве освежи.

Состојки:

- 150гр. исецкана лубеница на коцки, без семки
- 6 китки нане
- 5 чаши вода со мраз 


Постапка:

Исецканата лубеница ставете ја во бокал. Малку издробете ги листовите нане за да пуштат арома, па измешајте ги со лубеницата. Потоа во бокалот истурете ја водата со мраз и оставете да отстои во фрижидер најмалку два часа пред консумација. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг