Германско истражување: Секој петти пациент ја загубил битката со коронавирусот

Макфакс

29/07/2020

18:34

1.032

Големина на фонт

а а а

Еден од петмина пациенти кои во Германија биле хоспитализирани поради Ковид-19 подлегнал на болеста, а стапката на смртност се искачи на 53 проценти за оние кои завршиле на респиратор, покажува нова студија на германското здравство.

Податоците за вкупно 10.000 пациенти кои престојувале во 930 германски болници помеѓу 26 февруари и 19 април биле анализирани од германското интердисциплинарно здружение за интензивна нега и итна медицина, Техничкиот универзитет во Берлин и огранокот на здравствената осигурителна групација АОК, WIdО.

Според податоците, машките пациенти имаат поголема смртност од жените, со 25 наспроти 19 проценти.

Постарите пациенти се значително поранливи на вирусот, па 27% од пациентите во 70-тите години починале, а не успеале да закрепнат ниту 38% од оние над 80 години.

„Високите стапки на смртност јасно покажуваат дека релативно голем број на пациенти со сериозен тек на болеста биле примени во болниците“, вели Јирген Клаубер, директор на WIdO.

„Ваквиот сериозен тек на болеста најмногу ги зафати постарите луѓе и луѓето чие здравје веќе било нарушено, но исто така регистрирани се критични случи и кај помлади пациенти“, предупреди тој, повикувајќи ги луѓето да преземат мерки на претпазливост за да спречат појава на нови инфекции.

Пациентите во болниците престојувале во просек по 14 дена, при што оние кои не биле на респиратор биле хоспитализирани во просек по 12 дена, додека оние на кои им била потребна помош при дишење, останувале и до 25 дена.

Експертите предупредуваат против олабавување на мерките и однесувањето кај луѓето, апелираќи населението да се придржува кон превентивните мерки, како што се физичко растојание и носење на заштитни маски.

Според официјалните податоци, во Германија досега се регистрирани околу 208.000 случаи на коронавирус, при што околу 191.000 од заразените се опоравиле, а поради компликации од Ковид-19 починале 9.202 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг