Злоупотребени се милиони евра: Газди земале пари од државата, на работниците не им дале ниту денар

Точка

28/07/2020

14:02

6.716

Големина на фонт

а а а

Фирми од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга, Куманово и други градови добиле финансиска помош од државата за исплата на плати на вработените, но на своите работници не им дале ниту денар, информираа од Управата за јавни приходи.

708 компании добиле финансиска помош од 385 илјади евра наменета за исплата на минимална плата на работниците за април и мај, но вкупно 1,709 вработени не добиле ниту еден денар во екот на кризата со коронавирусот.

Останати микро, мали и средни компании, односно вкупно 3,746 компании на над 52 илјади работници им го скратиле минималецот и исплатиле 1,5 милиони евра помалку.

Најголем дел од фирмите кои ги оставиле без пари своите вработени се од Скопје (84), потоа следува Тетово (38), Гостивар (23), Струга (20) и Куманово (16).

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција меѓу другото апелираше компаниите кои ја злоупотребуваат државната помош да ги префрлат парите на работниците, во спротивно ќе платат глоба и тоа присилно ќе биде наплатено со камати. Доколку не бидат извршени исплатите, имињата на компаниите ќе бидат јавно објавени.

„Апелирам до сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска одредба да го направат тоа кон своите вработени, бидејќи целта беше да се зачуваат работните места, а не парите да ги земат работодавачите“, порача Лукаревска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг