Апасиев: „Во тек е операција на СДСМ за поткуп на 5 пратеници, се нудат огромни суми. Ги знам по име и презиме“

Точка

24/07/2020

19:31

7.421

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, за „Канал 5“ изјави дека во тек е операција на СДСМ за поткуп на 5 пратеници.

„Имам две ексклузивни информации. Во моментов додека зборуваме се прави обид за купување на пет пратеници од страна на СДСМ. Јас ги знам и по име и по презиме и по детали. Се подмитуваат со станови во Скопје, сумата се движи од 100 до 500.000 евра за да преминат во таборот и сето ова е недозволиво во еден систем кој претендира да биде европски“ - изјави Апасиев.

Запрашан за неговиот постизборен статус на социјалната мрежа Фејсбук: „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“, тој изјавил:

„Што напишав-напишав, нема потреба да се правдам, нека повели обвинителството“.

Тој исто така порача дека не ги признава изборните резултати, бидејќи им биле украдени пратеници.

„Ова не беа избори, ова меше масакар. 10 милиони евра се истурија директно, 100 милиони евра наоколу. Опцијата беше да нема избори сред пандемија, час порано нели требаше да има избори, а после отидоа на одмор во Брајчино“ - истакна Апасиев. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг