Апасиев за „Канал 5“: „Добивам закани по живот од пајташ на политичка партија. Уште еден збор и сам ќе го најдам за 24 часа“

Точка

24/07/2020

19:10

7.599

Големина на фонт

а а а

Лидерот на партијата „Левица“, Димитар Апасиев за „Канал 5“ вели дека добил закани по живот за него и неговото семејство.

Апасиев обвини дека заканите доаѓаат од две структури, од кои едната, како што посочил самиот тој, е блиска до претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, односно до Агенцијата за разузнавање.

Втората закана доаѓала од Зоран Заев.

„Оваа закана доаѓа од еден пајташ од ИЕ 3. Јавно му порачувам дека не треба да ме бара, туку само уште еден збор да ми прати јас ќе го најдам за 24 часа. Кога нема систем да те штити должен си да се заштитиш“ – изјавил Апасиев.

Апасиев исто така додал дека поради таквите закани информирал странски амбасадор и воедно дал насока за мобилизација на членството.




Спонзорирани линкови

Маркетинг