Почна судењето против екс претседателот на Кривичен, Панчевски

Точка

24/07/2020

16:54

1.136

Големина на фонт

а а а

Поранешниот претседател на Кривичен кој е обвинет за местење судски предмети, вели дека не разбрал за што е обвинет.

Владимир Панчевски на денешното судење во велешкиот суд побара да направи увид во доказите за наводните злоупотреби на АКМИС-от за да може да каже дали го разбира обвинението.

„Не разбрав за што сум обвинет оти во обвинителниот акт не беа приложени доказите, а цитираните предмети за кои наводно сум интервенирал се стари и по седум години", рече во судницата Панчевски.

И покрај барањето на одбраната, судот и обвинителството не понудија доказ дека Панчевски повеќе не е судија. Обвинителката рече дека за одбивањето на жалбата на Панчевски, информирале медиумите. Попладнево Врховниот суд на својата интернет страница објави дека е одбиена жалбата на Панчевски и се потврдува одлуката на Судскиот совет за негово разрешување од судиската функција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг