Мел Гибсон бил хоспитализиран поради коронавирус, закрепнувал во тајност

Точка

24/07/2020

16:12

2.744

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Мел Гибсон, во април оваа година бил хоспитализиран поради здравствени компликации предизвикани од коронавирус, пишува “People”.

“Бил хоспитализиран седум дена, од моментот на добивање на позитивниот тест. Во болницата примал Ремдесивир, а по закрепнувањето неколку пати бил тестиран и конечно е излекуван”, истакнал за “People” извор близок до познатиот актер. 


Оваа информација Гибсон долго време ја држел во тајност, а се претпоставува дека се тестирал неколку недели по контакт со актерот Том Хенкс кој отворено зборуваше за својата борба со Ковид-19.

Мел Гибсон, познат по многубројните филмски остварувања, пред 3 години се оствари во улогата на татко со својата девојка Росалинд Рос. Парот го доби синот Ларс Џерард.