Трамп ја откажа конвенцијата поради коронавирусот

Макфакс

24/07/2020

12:55

915

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа конвенцијата на Републиканската партија во Флорида поради пандемијата на коронавирус.

Таа требаше да се одржи следниот месец, но Трамп ја откажа на денот кога бројот на заразените во САД надминува четири милиони.

„Не е време за тоа“, рече Трамп, додавајќи дека ќе одржи говор, но во друга форма, пренесува „Би-би-си“.

Тој на брифинг во Белата куќа рече дека главната причина за таквата одлука е безбедноста.

Шерифoт Џексонвил предупреди претходно оваа недела дека градот не е подготвен за ваков собир.

Настанот првично требаше да се одржи во Шарлот, Северна Каролина, но беше преместен откако таа држава воведе мерки за социјално растојание.



Спонзорирани линкови

Маркетинг