Физички напад на новинарот Љупчо Златев

Нетпрес

24/07/2020

11:40

4.302

Големина на фонт

а а а

Новинарот Љупчо Златев, кој е познат по критичките опсервации на функционирањето на власта, бил физички нападнаат во еден скопски локал.

Човек, кој се испоставил подоцна дека е лично обезбедување на семејството на еден македонски бизнисмен, го нападнал новинарот Златев. Физичкиот напад дошол откако претходно му се доближило лицето и по куса вербална расправија новинарот бил нападнат.

„Лице од обезбедувањето на Јордан Мијалков, син на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, во локалот ‘Трибека’ синоќа вербално ме нападна и се обидуваше насила да ме извлече надвор од локалот. Интервениреше, за среќа, обезбедувањето на локалот“, го потврди инцидентот за НетПрес видно вознемирениот новинар.

Уредникот на порталот Лидер.мк вели дека настанот е пријавен во полиција и оти подоцна во текот на денот ќе излезе во јавноста со повеќе информации.

Нападот доаѓа откако новинарот деновиве објави повеќе скандали и афери за поранешниот македонски функционер, а сегашен бизнисмен, Сашо Мијалков.



Спонзорирани линкови

Маркетинг