Не помогна тоа што немаа рестриктивни мерки: Невработеноста во Шведска на рекордно високо ниво

Точка

24/07/2020

09:47

1.886

Големина на фонт

а а а

Поради пандемијата на коронавирусот, невработеноста во Шведска скокна на највисоко ниво од 1998-ма година, пренесува “The Guardian”.

Во јуни невработеноста во оваа скандинавска земја пораснала за 10% поради економските последици предизвикани од пандемијата на коронавирусот, иако Шведска за разлика од останатите европски земји не воведе рестриктивни мерки.

Сезонски прилагодената стапка на невработеност кај лицата на возраст од 16 и 64 години достигна 9,4% минатиот месец, надминувајќи го врвот од 9% на почетокот на 2010-та година кога светот беше погоден од тешката финансиска криза.


Исто така забележан е рапиден раст на невработеноста во оваа земја – во јануари невработеноста беше на 7,2%, а во мај веќе се искачи на 8,6%. Инаку, најголемата стапка на невработеност датира од јуни 1997-ма година (11,7%) на крајот од тешката економска криза која ја погоди Шведска.

Според податоците, Шведска во јуни имала 557 илјади невработени, што е речиси за 150 илјади повеќе во однос на минатата година. Посебно погодени се младите меѓу кои невработеноста достигна највисоко ниво од 1993-та година.


Речиси 173 илјади помлади од 25 години се регистрирани како невработени, што е за 50 илјади повеќе од периодот пред пандемијата да ја погоди Шведска.

„Брзиот пораст на невработеноста првенствено се должи на оние кои што имаа договори на одредено и не добиле продолжување“, изјави шведскиот статистичар Давид Самуелсон за тамошните медиуми.