И натаму беснеат пожари на југот на Грција: Илјадници луѓе евакуирани, огнената стихија уништи куќи и хектари шума

Точка

23/07/2020

16:01

2.050

Големина на фонт

а а а

Пожарот кој во средата изби на југот на Грција и натаму беснее и ги уништува куќите и хектари шумски површини – евакуирани се илјадници луѓе од шест населби на југот.

Во настојувањата огнената стихија да се стави под контрола, во населбата Кенреи во близина на Коринт се распоредени 236 пожарникари кои се опремени со 54 возила, шест хеликоптери и четири авиони. Засега нема извештаи за евентуални жртви.

Противпожарните служби евакуираа стотици жители на селото Атики, како и деца од летен камп во близина и неколку други стамбени подрачја.

Локалните медиуми пренесуваат дека избиле уште пет пожари на југот на Грција и во други делови на земјата.

Во јули 2018-та година Грција беше погодена од еден од најкатастрофалните пожари во својата историја – тогаш изгоре летувалиштето Мати и други подрачја источно од Атина, а во пожарите настрадаа 102 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг