Сари си призна зошто го критикуваат: Ме критикуваат затоа што веројатно сум кретен кон...

Дерби

23/07/2020

13:50

1.428

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Јувентус, Маурисио Сари е доста критикуван во јавноста во Италија поради неговиот однос кон одредени поединци.

Сари ја продолжи доминацијата која ја започнаа неговите претходници Макс Алегри и Антонио Конте и веројатно ќе ја подигне титулата во Серија А.

Сепак, поради стилот на игра, но и поради односот кон јавноста искусниот Сари е доста критикуван од сите страни.

Сега тој даде коментар за ваквите критики од јавноста и призна зошто е често критикуван од многумина.

– Зошто ме критикуваат? Веројатно сум кретен кон некои луѓе. Не ме интересира тоа премногу. Резултатите нека си кажуваат сами за себе. Мислам дека имаме повеќе факти на наша страна од оние кои го изразуваат своето мислење за нашиот тим, - изјави Сари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг