Тимот на Ливерпул вчера и официјално му се израдува на својата прва титула во Премиер лигата по пауза од цели 30 години чекање.
По натпреварот против Челси кој го добија со 5:3 Ливерпул на специјална бина поставена на легендарната трибина „Коп“ го подигна долгопосакуваниот трофеј.
Иако тоа не беше како што сакаа сите, со присуство на гледачи, играчите на клубот и тоа како се израдуваа на овој трофеј.
Честа да ја подигне титулата ја имаше капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, а потоа следеше славје и на тревникот на „Енфилд“.
A moment we'll never forget ❤️#LFCchampions pic.twitter.com/QaGW6PuEXr
— Liverpool FC (@LFC) July 22, 2020
THE REDS 🤩🏆#LFCchampions pic.twitter.com/SUI9VEPUaS
— Liverpool FC (@LFC) July 23, 2020