Наставник од Кичево делел свидетелства додека бил во задолжителна самоизолација

Точка

23/07/2020

12:21

1.258

Големина на фонт

а а а

Одделението за внатрешни работи од Кичево поднесе до надлежното Јавно обвинителство кривична пријава против 46-годишниот Д.П. од кичевското село Осој поради основано сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, осомничениот како класен раководител во основно училиште во Кичево им ги врачил свидетелствата на учениците од класот иако потпишал изјава за задолжителна самоизолација.

Димоски информира дека во изминатото деноноќие на подрачјето на ОВР Кичево, забележани се девет прекршоци за неносење лична заштитна опрема на лицето. Издадени се прекршочни платни налози за сторен прекршок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг