Суспендиран советникот на Чулев кој пцуеше началник во СВР Тетово

Точка

23/07/2020

12:07

3.398

Големина на фонт

а а а

Суспендиран е советникот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на денот на изборите беше снимен како пцуе и навредува свој колега, началник во СВР Тетово.

Истовремено против него, МВР поднело и кривична пријава до Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Таму се наоѓа Одделот за гонење на сторители на кривични дела со полициско овластување.

„Во врска со несоодветно и насилничко однесување на припадникот на МВР, Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ги заврши потребните проверки за настанот во Тетово кој се случи на 15.07.2020-та година. Внатрешната кoнтрола констатира дека постои основано сомнение дека полицискиот службеник, државен советник за полициски и криминалистички работи на министерот за внатрешни работи сторил кривично дело насилство по член 386 став 1 и малтретирање при вршење служба по член 143 од КЗ. Поради тоа, до ОЈО ГОКК – Одделението за гонење на сторите на кривични дела на лица со полициски овластувања поднесена е кривична пријава против него”, вели Славјанка Петровска, заменската министерка во МВР.




Спонзорирани линкови

Маркетинг