Трамп за враќањето на децата во училиштата: Тие помалку се заразуваат, имаат силен имунитет

Точка

23/07/2020

10:39

1.799

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека би ја прифатил одлуката децата да се вратат на есен на училиште, вклучувајќи го неговиот син и внуци, затоа што според него, децата не се заразуваат со коронавирус лесно.

Одговарајќи на прашањето на новинар во Белата куќа дали неговата администрација планира да развие национална стратегија за враќање на децата во училишните клупи на есен, Трамп изјави дека неговата администрација има национална стратегија.

„Но, како што знаете, на крајот тоа зависи од гувернерите на државите. Мислам дека многу гувернери сакаат да ги отворат училиштата. Би сакал да се отворат“, изјави Доналд Трамп и порача дека децата имаат силен имунитет.


„Тие не го пренесуваат вирусот така лесно на другите, а многумина велат дека и воопшто не го пренесуваат. Не го носат вирусот дома“, изјави Трамп.

Според американскиот претседател, децата не се заразуваат лесно, не го пренесуваат вирусот, а доколку се заразат, тие многу полесно и побрзо се опоравуваат за разлика од возрасните, пренесува „СиЕнЕН“.

Инаку, кај повеќе од 23 илјади деца помлади од 18 години само на Флорида е потврден коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг