Трамп конечно призна: Состојбата со короната ќе се влошува, носете маски...

Точка

22/07/2020

09:23

1.773

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека пандемијата со коронавирусот ќе се влоши пред ситуацијата да се поправи, укажувајќи на загрижувачкиот раст на новите случаи на заразата во јужните и западните сојузни држави.

„Веројатно за жал состојбата ќе се влоши пред да се подобри“, изјави американскиот претседател кој претходно беше на мета на критики поради намалувањето на размерите на пандемијата и поттикнувањето на што побрзото отворање на економијата.

Трамп порача дека целта на неговата администрација не е само да управува со пандемијата, туку и да ѝ стави крај.

Американскиот претседател кој до неодамна одбиваше да носи маска во јавноста, овојпат ги повика своите сограѓани да носат заштитна маска доколку не сакаат да одржуваат физичка дистанца со цел да се помогне во спречувањето на ширењето на коронавирусот.


Бројот на новозаразени со коронавирус во САД расте, посебно во политички важните сојузни држави како Флорида, Тексас и Аризона, па Трамп го промени тонот со цел бројот на случаи да се стави под контрола.

„Бараме од сите, ако не сте во можност да држите физичка дистанца, да носите маска. Ја сакале маската или не, таа има влијание, а ние треба да направиме се што можеме. Јас ќе ја носам, се што потенцијално може да помогне е добра работа“, изјави Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг