Манчевски: Досега водам во негативни тестови со 4:0

Макфакс

21/07/2020

15:44

1.126

Големина на фонт

а а а

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска на својот профил на Фејсбук објави дека првиот тест за коронвирусот му е негативен и дека доколку и вториот е негативен од понеделник почнува да оди на работа.

„Првиот тест негативен. Досега водам во негативни тестови со 4:0. Да се надеваме на 5:0. Ако и вториот тест од оваа изолација биде негативен во недела, од понеделник назад во акција. На моите пријатели и колеги кои се позитивни им пожелувам брзо опоравување. Имаа многу слаби симптоми, кои веќе ги немаат и се надевам дека брзо ќе се покажат негативни на тестот. Чувајте се, бидете безбедни и почитувајте ги мерките за лична заштита“, напиша Манчевски на Фејсбук.

Првиот тест негативен.

До сега водам во негативни тестови со 4:0. Да се надеваме на 5:0. ?

Ако и вториот тест од оваа...

Posted by Damjan Manchevski on Tuesday, July 21, 2020



Спонзорирани линкови

Маркетинг