Со помош на соседите пронајдена една од хаските на обвинителката Ристоска

Макфакс

21/07/2020

14:49

1.537

Големина на фонт

а а а

По повикот на обвинителката Ленче Ристоска на „Фејсбук“, пронајдено е едно од нејзините две кучиња, благодарение на помошта на соседите со тетовското село Лешок.

Таа апелира со граѓаните доколку во атарот на селата Лешок, Слатина, Теарце или Непроштено забележат куче кое се одзива на името Астра, да го задржат и да им јават.

Благодарение на Самет, Зоне е дома!

Среќни сме што имаме вакви пријатели и соседи ❤️

Се надевам дека ќе ја најдеме и Астра..

Posted by Lence Ristoska on Tuesday, July 21, 2020

Обвинителката утрово објави дека од нивниот семеен двор во тетовското село Лешок ноќеска им биле украдени две слепи хаски, кои мора да се лекуваат поради нивната лоша здравствена состојба.

Доколку во атарот на селата Лешок, Слатина, Теарце или Непроштено забележите куче кое се одзива на името Астра, ве молам да ја задржите и да се јавите не телефон 070389848-Љупчо.

Однапред благодарам!

Posted by Lence Ristoska on Tuesday, July 21, 2020



Спонзорирани линкови

Маркетинг