Гвардиола: Не го почитувам она што Арсенал го прават надвор од фудбалскиот терен

Макфакс

21/07/2020

13:52

1.071

Големина на фонт

а а а

Манчестер сити, во саботата, испаднаа во полу-финалето на ФА купот од Арсенал, предводен од поранешниот асистент на пеп Гвардиола, Микел Артета.

„Секој ривал секогаш го почитувам. Истото важи и за Арсенал. Исклучително го ценам се она што го прават на теренот, но не го почитувам она што го прават надвор од теренот и методите со кои ги користат“, рекол Гвардиола.

Англиските медиуми се уверени дека Гвардиола сака да им порача на сопствениците на Арсенал дека погрешно кон Сити се однесувале во најмалку две ситуации.

Наводно Арсенал лобирале кај седум екипи и беа потписници на писмото испратено до УЕФА со кое бараа да биде потврдена две годишната суспензија на Манчестер сити.

Исто така Гвардиола е лут што Арсенал му го зедоа асистентот Артета. Гвардиола е лут бидејќи челниците на Арсенал прво преговарале со Артета, постигнале договор, а дури потоа го известиле Манчестер сити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг