Роналдо: Рекордите се убави, ама најважен е тимот

Дерби

21/07/2020

10:52

1.009

Големина на фонт

а а а

Јувентус славеше над Лацио со 2-1 и исчекори кон уште една титула во италијанскиот фудбалски шампионат.

Во главна улога беше Кристијано Роналдо кој беа автор на двата голови за победникот и тоа на стартот на вториот дел кога прво погоди од пенал, а потоа и на асистенција на Пауло Дибала.

- Знаевме дека е многу тежок натпревар против тим кој има одлична сезона, но знаевме дека ова е голема можност за победа, игравме дома. Ние сме многу среќни, -истакна Роналдо кој постави два нови рекорди, стана прв играч со 50 постигнати голови во Серија А, Примера и Премиер лигата, но и воедно стана играч кој успеал најбрзо да дојде до оваа бројка на погодоци во Калчото и тоа 61 натпревар со што го мина Андриј Шевченко (68 средби).

- Рекордите се секогаш важни, но важно е што тимот победи. Ние сме феноменален тим и тоа денес го покажавме иако секогаш сакаме да ја подобриме и да ја подигнеме нивото. Овие работи се убави, но титулата е природен процес што доаѓа како последица на постигнувањето на голови за победа на натпреварите на тимот, - рече Португалецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг