Сари и Роналдо ќе останат во Јувентус

Макфакс

21/07/2020

10:29

1.084

Големина на фонт

а а а

Фабио Паратичи за „Скај Спорт Италија“ потврдил дека Маурицио Сари и наредната сезона ќе биде тренер на „старата дама“.

Медиумите со месеци наназад шпекулираат дека Сари би можеле да го заменат Масимилијано Алегри или Маурицио Покетино.

„Наша цел е титулата во Серија А. За Лигата на шампионите ќе размислуваме дури потоа“, рекол Паратичи и дополнил.

„Сари ќе биде тренер на Јувентус и наредната сезона, тука не постои дилема, управата така реши. Крристијано Роналдо ќе остане со нас, нема вистина во шпекулациите дека ќе го напушти клубот“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг