Меси постигна 25 погодоци оваа сезона во Ла Лига и со тоа стана првиот играч со…

Дерби

20/07/2020

10:54

1.300

Големина на фонт

а а а

Најдобриот играч на Барселона и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси и оваа сезона ќе го понесе признанието за најдобар стрелец во шпанската Ла Лига.

Аргентинецот со „само“ 25 постигнати погодоци ќе ја освои популарната награда „Пичичи“ која се доделува на најдобриот стрелец во шпанскиот шампионат.

Меси погоди два пати против Алавес и со тоа му се одлепи на Бензема кој со 21 погодок беше единствениот играч кој може да го загрози по последното коло од Ла Лига.

Интересно е што ова е своевиден „негативен рекорд“ затоа што Меси за прв пат ја освојува оваа награда со толку малку постигнати погодоци. Аргентинецот последен пат помалку од годинешната бројка на голови дал во сезоната 2008/09 кога постигна вкупно 23 погодоци.

Меси трофејот го освојуваше и во 2010, 2012, 2013, 2017, 2018, 2019 година и секогаш неговиот скор беше над 30 погодоци.

Последен играч кој ја освоил „Пичичи“ наградата за најдобар стрелец, а да има помалку од 30 погодоци во сезона е Даниел Гуиза кој тоа го стори во 2008 година.

Инаку, Лео Меси постигна и рекорд во Ла Лига по бројот на запишани асистенции во една сезона. Аргентинецот годинава 21 пат додаваше за гол на своите соиграчи со што го надмина Чави кој досега го држеше овој рекорд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг