Солскјер со поддршка за Де Хеа: Тој знае дека требаше тоа да го одбрани

Дерби

20/07/2020

10:17

1.200

Големина на фонт

а а а

Екипата на Манчестер Јунајтед загуби од Челси со 3-1 и на тој начин остана без можност да дојде до пехарот во ФА Купот.

Еден од главните виновници за поразот беше голманот Давид Де Хеа кој одново немаше свој ден и прими лесни голови особено вториот при шутот на Мејсон Маунт кога дозволи топката лесно да му се лизне од неговите раце и заврши во мрежата.

Сепак покрај ваквиот настап поддршка за Шпанецот пристигна од тренерот Оле Гунар Солскјер кој уште еднаш јасно потенцираше дека има голема доверба во шпанскиот интернационалец.

- Очигледно, секој мора да настапи и секој има шанса на секој натпревар да заземе место во тимот. Давид знае дека требаше да го спаси вториот гол, но сега тоа е готово и треба да продолжиме и да гледаме кон среда.

- Тешко е за голманите да компензираат, полесно им е на играчите. Давид се покажа во остатокот од мечот, имаше неколку добри одбрани, но тој знае дека тоа можеше да го спаси, - истакна Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг