Трамп за пандемијата: Коронавирусот ќе исчезне, на крајот јас ќе бидам во право

Точка

20/07/2020

09:14

5.601

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека коронавирусот на крајот ќе „исчезне“ и порача дека се противи на идејата за воведување на мерка за носење на заштитна маска на национално ниво.

„На крајот јас ќе бидам во право. Реков претходно дека коронавирусот ќе исчезне и сега повторно го велам истото. Ќе исчезне и јас ќе бидам во право“, изјави Доналд Трамп во интервјуто кое денес го емитуваше „Фокс“., изјави Доналд Трамп во интервјуто кое денес го емитуваше „Фокс“.

Повеќе од 60 илјади луѓе се заразени со коронавирусот во последните 24 часа во САД, додека од почетокот на пандемијата во земјата со вирусот се заразени повеќе од 3,7 милиони луѓе.


Американскиот претседател нагласи дека е против воведувањето на мерката за задолжително носење на маска на национално ниво, иако некои сојузни држави веќе ја воведоа таа мерка.

„Не, сакам луѓето да имаат одредена слобода. Не се согласувам со тоа дека вирусот ќе исчезне доколку сите носат маски“, изјави Доналд Трамп кој досега само еднаш се појави во јавноста носејќи заштитна маска за лице.



Спонзорирани линкови

Маркетинг