„Некој брои гласови, некој денови“: Весна Бејби ја расплака јавноста со емотивна порака, ситно брои пред заминувањето на синот Кирил

Точка

17/07/2020

20:22

6.555

Големина на фонт

а а а

Кирил, синот на Весна Петрушевска Бејби оди кај својот татко Јанко Тренкоски во Хјустон каде што ќе ја изучи четвртата година од гимназијата, а потоа таму ќе ги продолжи и студиите.

„Некој брои гласови, некој денови. Родителот треба да е лакот, а стрелата вашето дете. Сè е возбудливо и точно кога ќе прочиташ кај Џибран, ама е зафркнато кога треба да го оптегнеш лакот и да летне стрелата. Солзи капат сами. Гаќи и патики му купив дека немало таму, а од стрес може и семки ќе му спакувам“, вели Весна Петрушевска, која за 9 дена треба да го испрати синот Кирил во САД.

Кога ја објави веста, прв пат, таа тогаш за „Репортер“ рече:

„Броиме ситно со Кирил, кој ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет. Немам подобра опција да му понудам во овие луди времиња. Не прашувајте, срце ми се кине. Убав на мајка. Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден, а тој ми вели: 'Мамо, мислев умрел некој, ме исплаши'“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг