Точка ТВ: Приказна за космонаутот кој за време на распадот на СССР останал ''заробен'' во вселената

Точка

17/07/2020

21:12

5.240

Големина на фонт

а а а

Ова е последната Советска приказна - космонаутот Сергеј Крикаљов одлетал во орбитата од една земја, а се вратил на истото место, но во друга држава.

Сергеј Крикаљов е еден од брилијантните умови на советската воздухопловна и вселенска индустрија.

Врвен пилот, прекрасен инженер и вистински херој.

Тој ја ''прелетал'' Земјата дури 7.000 пати и бил првиот Русин на палубата на еден американски спејс-шатл.

Неговиот лет „Discovery“, заедно со уште пет американски колеги, своевремено означил нова ера во освојувањето на вселената во која што две суперсили соработуваат.

Споменатите успеси ги остварил за само пет години, почнувајќи со две мисии кон Вселенската станица „Мир“.


Тој првпат на „Мир“ пристигнал заедно со францускиот астронаут Жан Лупа Кретјен, а потоа со британската колешка Хелен Шарман, во месец мај 1991-та година.

И токму таа негова втора мисија ќе ја одбележи неговата кариера, тогаш кога ја заработил титулата ''последниот советски граѓанин''.

Советските медиуми известувале дека Крикаљов е ''заробен'' во вселената, тогаш кога се распаднал СССР, а Русија ја продолжила драмата со државниот удар.


Вистината е поразлична, Крикаљов можел да се врати од вселенската станица „Мир“, но останал таму за истата да може да продолжи да функционира.

За Кикаљов тоа било животно искуство затоа што во вселената отишол како советски граѓанин од база во Казахстан, а на Земјата се вратил како Русин и слетал на тлото на една нова држава.




Спонзорирани линкови

Маркетинг