Швајцарката жестоко го критикуваше Ѓоковиќ: „Не даде добар пример!“

Точка

16/07/2020

19:08

2.275

Големина на фонт

а а а

Швајцарската тенисерка Тимеа Башчински исто така направила разлика и помеѓу машкиот и женски тенис.

Швајцарската тенисерка Тимеа Башчински дала опширно интервју во кое што зборувала и за ставовите на Новак Ѓоковиќ, па на првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ му упатила и критики.

„Потребно е да се истакне и дека првиот тенисер на планетата (Новак Ѓоковиќ) не даде добар пример. Моето мислење е дека тоа прво место има свои дополнителни одговорности.

Новак во еден момент изјави дека не е сигурен дали турнирот ќе продолжи, а потоа организираше егзибиција со полн стадион и дополнителни активности“ - изјавила тенисерката, па продолжила:

„Тоа беше дополнително контрадикторно. Мојот впечаток е дека прозивките кои што ги доживеа беа поради тоа што луѓето ја увидоа таа контрадикторност. Едно е сигурно, тенисот не можеше да добие полош маркетинг од тоа, а јас сум среќна што женскиот дел од турнирот беше многу поодговорен“ - јасно го искажала својот став Башчински.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk