Русија веќе оваа година ќе произведе вакцина за коронавирус? Можеме да направиме 200 милиони дози

Точка

16/07/2020

19:12

1.456

Големина на фонт

а а а

Русија планира да произведе 30 милиони дози на експериментална вакцина против Ковид-19 оваа година, со можност на производство на уште 170 милиони во странство, изјави директорот на рускиот Фонд за директни вложувања, Кирил Дмитријев.

Првото испитување на вакцината на луѓе кое траело еден месец и учествувале 38 луѓе завршило оваа седмица. Научниците заклучиле дека е вакцината е безбедна за употреба и предизвикува имунолошки одговор на организмот, иако самата сила на тој одговор засега е нејасна.

Поголемата, трета фаза од испитувањето во која ќе бидат вклучени неколку илјади луѓе би требало да заврши во август, изјави Дмитријев.


„Веруваме дека врз темел на сегашните резултати во Русија, вакцината ќе биде одобрена во август, а во некои други земји во септември. Тоа значи дека руската вакцина би можела да биде првата која ќе биде одобрена во светот“, изјави Дмитријев.

Инаку. се развиваат повеќе од 100 можни вакцини со цел да се спречи пандемијата на коронавирусот. Најмалку две се во завршна трета фаза од испитувањето на луѓе, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг