Хаос во Индија во екот на пандемијата: Монсунски дождови предизвикаа стравични поплави

Точка

16/07/2020

13:44

369

Големина на фонт

а а а

Монсунските дождови предизвикаа поплави во густо населените области на истокот на Индија и примораа милиони луѓе да побараат засолниште во прифатни центри во екот на пандемијата на Ковид-19.

Поплавите предизвикани од монсунските дождови не се новост во Азија и корисни се за земјоделието, но оваа година Индија се соочува со пандемијата на коронавирусот - потврдени се нешто помалку од милион случаи.

Во овогодишните поплави во државите Асам, Бихар и Џарканд досега загинаа најмалку 10 лица, а обилните дождови во последните 24 часа поплавија илјадници села. Локалните власти вложуваат максимални напори да се обезбеди физичка дистанца во прифатните центри.

„Погодени сме од поплави со смртоносни последици, додека истовремено се бориме со ширење на епидемијата“, изјави Хемант Бисуа Шарма, министер за здравство на индиската федерална држава Асам.

Џон Флеминг од Федерацијата на меѓународен комитет на Црвениот крст и Црвената полумесечина, предупреди на алармантното ширење на епидемијата на коронавирусот во јужна Азија, подрачје на кое живее речиси една четвртина од човештвото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг