"Јас лаам, ама кога Синиша ќе почне да лае...чувајте се"

Точка

16/07/2020

12:50

3.606

Големина на фонт

а а а

Тренерите на Болоња и Наполи, Синиша Михајловиќ и Џенаро Гатузо, ја воодушевиле Европа со фотографијата пред натпреварот на овие два клуба.

Заедно седнале на клупа и позирале за фоторепортерите, што Наполитанците на социјалните го опишале со "ова е фудбалот каков што го сакаме. 

На крајот од мечот немало победник, бидејќи резултатот бил 1-1, а по натпреварот Џенаро имал интересна изјава за Синиша Михајловиќ.

"Синиша е поопасен од мене. Јас лаам, но не касам. Но кога Синиша лае, подобро да се чувате", истакнал Гатузо.

Го пофалил тимот на Болоња кој успеал да се врати и да остане непоразен, иако Наполи водел уште од седма минута.



Спонзорирани линкови

Маркетинг