Бургос со „отровна стрела“ до лутиот ривал: Атлетико не е како Реал, погледнете што направија со легендите

Дерби

16/07/2020

10:27

1.594

Големина на фонт

а а а

Атлетико Мадрид уште еднаш обезбеди пласман во Лигата на шампионите, место кое дефинитивно не беше загарантирано за избраниците на Чоло Симеоне во моментот кога настапи паузата поради коронавирусот.

Доколку не се доиграше сезоната, Атлетико ќе останеше без место во елитата, но сепак откако беше означен рестартот, „душекџиите“ заиграа на врвно ниво и без ниту еден пораз го обезбедија пласманот во најелитното натпреварување.

Сега на ред се последните два натпревари кои ќе немаат никакво резултатско значење, но сепак ќе имаат големо од емотивна смисла, бидејќи истите ќе бидат последни за Херман Бургос. Долгогодишниот соработник на Чоло Симеоне одлучи да си замине од клубот и да почне самостојна тренерска кариера, а досегашната „десна рака“ на Диего верува дека во иднината патишата одново ќе му се вркстат со Атлетико.

Бургос верува дека во иднина тој ќе може самостојно да го води Атлетико, бидејќи според него, овој клуб знае како да ги испрати и пречека своите легенди, нешто што според него не можат со достоинство да го кажат во Реал.

– Враќањето во Атлетико ќе се случи природно, исто како што ќе биде во Ривер. Не се сомневам во тоа, оставив трага на двете места. Атлетико ги испраќа своите идоли и легенди, а не секој го прави тоа. Во Реал Мадрид играа големи играчи, а видете како ги испраќаат легендите, видете како го испратија Касилјас. Да си одите од големата врата е она што е најдобро во фудбалот, – изјавил Моно Бургос кој на овој начин испрати „отровна стрела“ кон вечниот ривал на Атлетико.



Спонзорирани линкови

Маркетинг