Пронајдена палатата на еден од последните владетели на Ацтеките: Неверојатно откритие длабоко под куќата на познатиот освојувач во Мексико

Точка

16/07/2020

08:45

5.350

Големина на фонт

а а а

Во близина на централниот плоштад во Мексико Сити, археолозите пронашле остатоци од владетелската палата од времето на древната цивилизација на Ацтеките, откриени под остатоците на куќата која подоцна за себе ја изградил шпанскиот освојувач Ернан Кортез.

Базалтните подови на отворениот простор кој некогаш бил дел од палатата на ацтечкиот владетел Аксајакатл биле пронајдени длабоко под темелите на една голема зграда која денес се наоѓа на тоа место, а чие реновирање било во тек. 

На истиот локалитет, во близина на денешниот плоштад Сокало, свој дом, по падот на ацтечкото царство и уништувањето на палата, изградил Кортез, за што се пронајдени и материјални докази.

##https://twitter.com/solifugae1992/status/1283039051147247616?s=20##

Како што наведува "BBC", веројатно е дека за изградба на куќата на Кортез бил користен материјал кој претходно бил дел од палатата на Аксајакатл, чии остатоци биле откриени на длабочина од три метри.

Аксајакатл владеел до 1469-та до 1481-ва година и е татко на Монтезума, уште еден од последните владетели на ацтечкото царство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг