Дебитираше BMW iX3: Ова е првиот електричен џип на Баварците

Точка

14/07/2020

17:36

2.571

Големина на фонт

а а а

BMW со мало задоцнување зад конкурентите пристигнува на пазарот на електрични SUV возила.

Баварците го претставија долго најавуваниот iX3, чии фотографии, случајно или не, претходно во текот на оваа година се најдоа на интернет.

Секако, автомобилот е заснован на X3, а опремен е со погонска батерија со капацитет од 80 kWh.


За погонот е задолжен електромотор со сила од 285 коњски сили и 400 Nm, а според WLTP стандардот возилото со едно полнење на батериите може да помине 460 километри.

Силата од електромоторот се пренесува само на задните тркала, а од 0 до 100 километри на час, новиот BMW iX3 забрзува за 6,8 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 180 километри на час.


Возилото е компатибилно со брзи полначи до 150 kW и батериите можат да се наполнат до 80% од капацитетот за 34 минути. Баварците велат дека со само 10-минутно полнење iX3 може да помине 100 километри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг