Судијата Федаји од Швајцарија ги посрамоти дефанзивците со неверојатниот спринт

Дерби

14/07/2020

16:23

2.297

Големина на фонт

а а а

Завршницата на швајцарското фудбалско првенство е возбудлива во секој поглед, бидејќи покрај тоа што има борба за титулата, постои и грчевита битка меѓу неколку тима за опстанок во елитата.

Тун во 30-то коло оствари многу важна победа над Ксамакс од 3:0 и побегна од опасната зона, но шоуто на домашните играчи им го украде главниот судија на мечот.

Домаќинот последниот гол го постигна во 94-та минута и стрелец на истиот беше Карлен, но во прв план се најде главниот арбитар на средбата, Федаји Сан.

Швајцарскиот судија истрча неверојатен спринт пред самиот крај на мечот и буквално ги посрамоти дефанизвците на Ксамакс, а Федаји беше до толку брз, што за малку не го стигна и напаѓачот на Тун кој го постави конечниот резултат.

Импресивниот спринт на 37-годишниот судија е доказ дека тој се наоѓа во фантастична физичка форма, но истовремено му овозможи да стане вирален хит на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг