“Премногу земји тргнаа во погрешна насока”: СЗО предупредува дека пандемијата може да биде уште полоша

Точка

13/07/2020

19:09

2.790

Големина на фонт

а а а

Пандемијата на коронавирусот има потенцијал да биде многу полоша доколку сите држави не се придржуваат до основните здравствени мерки на претпазливост, соопштуваат од Светската здравствена организација (СЗО).

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус изјавил во текот на обраќањето преку видео снимка од Женева дека премногу земји тргнаа во погрешна насока и дека вирусот останува “државен непријател број 1”. 


“Доколку не се следат основните мерки, пандемијата може да продолжи во една насока, а тоа е да станува сè полоша. Меѓутоа, и не мора да биде така”, нагласил Тедрос.

Во светот од коронавирус се заразени повеќе од 13 милиони луѓе, а за само 5 дена бројот на заразени пораснал за 1 милион. Од последица на заразеност со коронавирус досега починаа повеќе од 500.000 луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг