Точка ТВ: Топ 10 најневеројатни случајности (Прв дел)

Точка

13/07/2020

14:01

2.540

Големина на фонт

а а а

Животот е полн со случајности и тие му се случуваат на секој од нас. Сепак, постојат некои навистина неверојатни случајности кои дефинитивно не се случуваат секојдневно, па луѓето неретко развиваат некакви теории обидувајќи се да ги разјаснат. Ова се првите пет од 10-те најневеројатни случајности.

Во март 1951-ва година се роди стрип херојот Денис Напаст... два пати. Со деби на ист ден, Хенк Кечам и Дејвид Лоу ги направија своите први стрипови - и двата со истоимен лик. Ни двајцата не знаеле за ова, а кога ја дознале случајноста, се сложиле да продолжат да работат на своите стрипови.

Господинот Роберт Патерсон на 15.10. 1952 година се обиде да се качи на воз од Феникс до Лос Анџелес. Кондуктерот му рекол дека Роберт Патерсон е веќе во возот, а после брзата проверка се покажало дека внатре има уште еден Роберт Патерсон, а изгледале неверојатно слично.

Возот по пат застанал на станица и таму се качил трет Роберт Патерсон. И тој личел на првите двајца. Возот конечно стигнал во Лос Анџелес и тргнал на друга дестинација. Тројцата патници со исто име си заминале, а во возот влегол четврт патник со исто име и презиме - кондуктерот не можел да проверува дека пред него повторно е Роберт Патерсон.

70-годишни близнаци во 2002-ра година загинале во различни сообраќајни несреќи во период од 4 часа на ист пат во Финска. Првиот близнак починал откако го удрил камион додека возел велосипед на 600 километри од Хелсинки. На 1,5 километри од местото подоцна загинал неговиот брат, а портпаролката на полицијата била шокирана кога дознала дека станува збор за близнаци, посебно поради тоа што на тој автопат екстремно ретко имало сообраќајни незгоди.


Познатиот писател Едгар Алан По ја напиша книгата „Авантурите на Артур Гордон Пим“ во која се раскажува за четворица преживеани од бродолом. Тие поминале неколку дена на чамец пред да одлучат да го убијат најмладиот од нив, Ричард Паркер.

Неколку години подоцна, во 1884-та година потонал бродот „Мињонет“. Четворица преживеале и после неколку дена поминати во чамец, тројца постари членови на екипажот го убиле и изеле најмладиот преживеан - се викал Ричард Паркер.


Кралот Умберто Први бил на вечера во мал ресторан во италијанскиот град Монца. Кога сопственикот на ресторанот пристигнал на неговата маса, кралот забележал дека тие двајца се неверојатно слични. Во разговорот кој го имале, утврдиле дека ова е само една од низата на случајности во врска со нив.

И двајцата биле родени ист ден на 14-ти март 1844-та година, и двајцата родени во истиот град, и двајцата имаат сопруги кои се викаат Маргарита. Неколку години подоцна, кралот бил известен дека сопственикот на ресторанот бил убиен во престрелка, за истиот ден да биде и тој убиен од анархисти.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk