Актерката скокнала во вода и исчезнала, на бродот бил пронајден само нејзиниот 4-годишен син

Точка

09/07/2020

17:34

8.282

Големина на фонт

а а а

33-годишната актерка Наја Ривера исчезнала вчера, а нејзиниот син бил пронајден сам на бродот кој пловел на езерото Пиру, близу Лос Анџелес, Калифорнија.

Актерката позната по ТВ серијата “Glee” и нејзиниот син Џоси изнајмиле бротче во средата попладне, а 3 часа подоцна пристигнал повик за помош од еден чамец кој забележал дека бродот плови додека на него спиело дете. 

Полицијата го пронашла елекот за спасување на Наја во чамецот. Се верува дека таа заминала на пливање, но дошло до несреќа во која актерката се удавила. Нејзиниот автомобил бил пронајден во близина.


4-годишниот Џоси ѝ кажал на полицијата дека сам се качил на бродот, но дека неговата мајка не излегла од водата откако заедно скокнале да пливаат. Полицијата тврди дека изјавата на детето е конфузна и дека работат на расветлување на случајот. Според американскиот портал “TMZ”, синот тврдел дека “неговата мајка скокнала во водата и не се вратила”.

Полицијата со хеликоптери ги истражува околните места.



Спонзорирани линкови

Маркетинг