Кандидатот за премиер на Канада вети дека ќе ја премести амбасадата во Ерусалим

Макфакс

09/07/2020

16:29

1.155

Големина на фонт

а а а

Канадскиот пратеник и кандидат за премиер, Ерин О’Тул, вети дека ако биде избран, ќе ја премести амбасадата на својата земја во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

„Ерусалим е вечна престолнина на еврејскиот народ и неговото присуство таму до ден-денешен го цементира ова. Кнесетот, Врховниот суд и Министерството за надворешни работи се во западен Ерусалим“, рече О’Тул, член на Конзервативната партија на Канада, во видео објавено на „Фејсбук“.

„Верувам дека ни треба и поголемо присуство на теренот таму и сакам да разгледаме повеќе размени и соработки со Израел за да се здружиме исто како и со другите наши најблиски сојузници. Ние поддржуваме решение за две држави, но тоа нè спречува да соработуваме повеќе со нашиот пријател и сојузник Израел. Како премиер, ќе ја спроведам нашата политика и ќе ја преместам нашата амбасада“.

О’Тул ја критикува ослабената и непостојана поддршка на премиерот Џастин Трудо за еврејската држава и го поздрави поранешниот премиер Стивен Харпер, кој, како што рече, ја направи Канада доверлив пријател на Израел.

Во февруари канадскиот пратеник повика да се признае реалноста дека Ерусалим е главен град на Израел и да се премести канадската амбасада таму. Тој го објави видеото со порака во која се вели: „Кога ќе бидам премиер, јас вистински ќе се залагам за вредностите на Канада и на сојузниците на Канада“.

Во мај 2017 година американскиот претседател, Доналд Трамп, го исполни предизборното ветување за пренесување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг