Сончево време со температура до 33 степени

Макфакс

09/07/2020

08:41

1.062

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Вредноста на УВ индексот ќе биде 9, информира УХМР.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.

До петок времето ќе биде стабилно, а за време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд. 

Од недела ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе предизвика повторно опаѓање на температурите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг