Напад врз полицијата во Нови Сад, обиена зградата на РТВ Војводина

Макфакс

08/07/2020

21:29

2.591

Големина на фонт

а а а

Под влијание на протестите во Белград, неколку илјади граѓани се собраа и во Нови Сад, на Плоштадот пред Градската палата, а кон нив се придружија и студенти од домовите во Нови Сад.

Група од пет млади мажи облечени во црно, кон полициските патроли фрлаа со камења и петарди.


Неколку моменти подоцна, зградата на Радиотелевизија Војводина беше нападната со камења и петарди.

Локалните медиуми јавија дека биле каменувани и простории на партијата Српска напредна странка (СНС) на претседателот Александар Вучиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг