Протекоа фотографии на првиот Ultra модел на Note, еден од најголемите адути на јужнокорејски Samsung.
На задната страна, секако доминираат камерите за кои се шпекулира дека најмоќната ќе биде со резолуција од 108 мегапиксели.
Звучникот и S Pen додатокот се поместуваат на левата страна, а копчињата за подесување на звукот и вклучување на телефонот се сместени на десната страна. Претпоставуваме дека нема 3,5 mm влез за аудио, а екранот ќе биде со големина од 6,8 инчи.
I see that the upper frame of the me Galaxy note 10 is thinner than that of the note 20 ultra :( pic.twitter.com/0gnwwS1cig
— Moiss (@MoisesElPro2) July 7, 2020
Засега се шпекулира дека на пазарот ќе пристигнат две или три верзии, а продажбата на уредите ќе започне на 21-ви август.