Точка ТВ: Топ 10 факти за Северна Кореја

Точка

07/07/2020

13:45

1.618

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја е една од најизолираните земји на светот, технички се уште е во војна со Јужна Кореја, на мета е на жестоки меѓународни санкции, а со земјата веќе со децении владее едно семејство. Ова се 10-те најинтересни факти за Северна Кореја.

1. Марихуаната е легална во Северна Кореја и не се смета за дрога. Во минатото самата држава ги советувала граѓаните да ја конзумираат, затоа што била поздрава од цигарите.

2. Севернокорејската војска е една од најголемите на светот со 1,2 милиони активни војници.

3. 99% од жителите знаат да читаат и да пишуваат. Просечната стапка на писменост во светот е околу 80%.

4. Севернокорејските граѓани можат да бираат само 28 фризури. Женските имаат 18, а машките 10 фризури. Венчаните жени мора да имаат пократка коса, додека слободните можат да имаат и подолга коса.

5. Гледање и поседување на порнографија е строго забрането. Забрането е гледање на јужнокорејски филмови, како и поседување на Библија.

6. Само војниците и државните функционери имаат право да поседуваат моторни возила.


7. За време на 90-тите години наставниците морале да научат да свират хармоника. Денес овој инструмент е најпопуларен во земјата.

8. На секои 5 години се одржуваат избори, а гласачите можат да гласаат само за еден кандидат.

9. Северна Кореја го има најголемиот спортски стадион кој може да прими 150 илјади гледачи.

10. Мал број на жители на оваа земја користат интернет, а побогатите граѓани можат да си дозволат приватен интранет кој е надгледуван и филтриран од државата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг