Еден напаѓач дефинитивно си оди од Арсенал, но Артета ќе донесе нов: Убаво би било да играм за нив

Дерби

07/07/2020

11:28

2.106

Големина на фонт

а а а

Микел Артета се соочува со проблеми во офанзивната линија затоа што првите напаѓачи на клубот, Александре Лаказет и Пјер Емерик Обамејанг се уште не се на чисто што ќе прават со својата иднина.

„Л’Екип“ во вчерашното издание пренесе дека Лаказет дефинитивно ќе си оди од редовите на Арсенал ова лето откако му станало јасно дека ќе мора да ја промени средината со цел да игра поредовно.

Во моментов младиот Еди Нкетија добива нешто повеќе шанса од Лаказет, а таквиот развој на настаните го натерал 29 годишниот француски фудбалер да размислува за заминување од клубот.

За него интерес има од Атлетико Мадрид, Интер и Јувентус, па лесно ќе може да пронајде нова средина каде би ја продолжил кариерата.

Од друга страна, играчот за кој се интересира Арсенал, Воут Вегхорст јасно стави до знаење дека би сакал да се пресели во Арсенал по крајот на сезоната.

– Мислам дека мој премин во Арсенал би бил супер. Тоа ќе биде добра работа за мене и ќе се вклопи во перфектната слика, -изјави кратко Вегхорст.

Високиот напаѓач оваа сезона има постигнато 16 погодоци во Бундеслигата, а ќе биде слободен за сума од околу 32 милиони фунти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг