Дали е ова доказ дека ќе можеме да живееме на Марс? Моќна снимка од кратерот полн со лед, а еве што се крие зад неговото име

Точка

04/07/2020

09:21

4.876

Големина на фонт

а а а

Европската вселенска агенција објави спектакуларна снимка од кратерот на Марс кој би можел да овозможи населување на луѓе и да биде извор на вода за човечката колонија, ако таа некогаш се оформи на соседната планета.

Кратерот Корољев, кој е исполнет со лед, бил снимен од воздух. 

Неверојатното видео е всушност мозаик од снимки од површината на овој кратер, направени со стерео камера со висока резолуција за да се добие 3D приказ. Кратерот се наоѓа на северниот дел на Марс и е исполнет со лед во текот на целата година. Тој претставува природна “замка” која спречува топење на ледот бидејќи е длабок околу 2 километри.

Кратерот е наречен по Сергеј Павлович Корољев, главниот советски ракетен иженер и конструктор на вселенски летала, кој е познат и како “татко на руската вселенска технологија”.

Благодарение на неговата работа, Советскиот Сојуз го испратил првиот сателит во орбитата во 1957 година и Јуриј Гагарин во вселената во 1961 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг