„Не ми треба стопало кога имам крилја“ - цел свет зборува за тажната приказна на поранешната Мис Универзум

Точка

03/07/2020

21:39

6.202

Големина на фонт

а а а

Некогашната Мис Универзум од Колумбија, Даниела Алаварез неодамна останала без нога.

На прекрасната мисица морале да ѝ ја ампутираат левата нога, но сето тоа го поднела со насмевка на лицето.

Приказната за храбрата мисица моментално го обиколи светот - Даниела е неверојатно оптимистична и позитивна, без оглед на тоа што во раните 30-ти години останала без нога.

„Јас го сакам моето тело како претходно“, им рекла на новинарите со насмевка. На Инстаграм споделила неколку фотографии од болница после ампутирањето на кое е со семејството и пријателите и позира насмеана.

На Даниела ногата ѝ е ампутирана откако имала операција во абдоменот. За жал, израстокот го пореметил дотокот на крв во ногата, па лекарите биле принудени да ја ампутираат.

„Не ми треба стопало кога имам крилја. Подготвена сум да преминам преку сите предизвици во животот“, заклучила храбрата Даниела.

View this post on Instagram

Vivir... ? @santoazulsw #bikini #sea #sun

A post shared by Daniella Alvarez (@danielaalvareztv) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг